Малопродажните цени на бензините од понеделник на полноќ се зголемуваат за половина денар, додека цената на дизелот останува непроменета, одлучи во понеделник Регулаторната комисија за енергетика. Со новата одлука, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 денар за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 82,50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти и со тоа цената на дизелот изнесува 68 денари за литар, а на маслото за домаќинство 57 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,235 денари на 41,871 денари за килограм.
Малопродажните цени на бензините од понеделник на полноќ се зголемуваат за половина денар, додека цената на дизелот останува непроменета, одлучи во понеделник Регулаторната комисија за енергетика.
Со новата одлука, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 денар за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 82,50 денари за литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти и со тоа цената на дизелот изнесува 68 денари за литар, а на маслото за домаќинство 57 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,235 денари на 41,871 денари за килограм.